(Видео) Николоски му се вклучи на Кастриот Реџепи во емисија: „Токму вие од БЕСА бевте иницијатори..


Николоски се вклучи во емисија со Кастриот Реџепи – Пратеникот можеше да свика прес конференција на денот на гласање недоверба на Влада, наместо филмови од Пабло Ескобар да гледа јавноста.


-Ако веруваме дека некој го сменил мислењето најмалку што требаше да направи е да ги информира партнерите за таа работа, вели Николоски за Реџепи. Николоски истакна дека за жал пратеникот не се појави во собраниетo, a цела македонска јавност видела една ситуација како од латино американски филм со Пабло Ескобар каде веројатно се добила понуда „сребро или олово“, затоа што друга логика нема за она коешто се случи, вели Николоски.


Николоски појасни дека Реџепи можел во било кое време на тој ден на гласањето недоверба на Владата, да повика прес конференција од место кое нему му одговара и да и каже на јавноста „јас денеска нема да гласам во Собранието“ , но тоа не се случи.


-Се останато не држи, jавноста е свесна и никој не може да ја потценува, а најголема жртва во се тоа е Заев кој иако ја одлагаше оставката на крај не може да оди против јавноста и ја поднесе оставката, рече Николоски.


Николоски исто така го оцени донесувањето на датумот за избори во СДСМ на истиот ден кога ВМРО-ДПМНЕ има закажано Конгрес, и го нарече немање на основна политичка култура.


Видеото може да го погледнете ТУКА.

29060043_2016680208590936_36926234558838