Македонија трета во светот по бројот на починати од Kовид-19 - „Financial Times“

Македонија високо котира и во светски рамки според бројот на новозаразени и починати на 100.000 жители. Трендот кој започна во март, дополнително ескалираше на почетокот на април.

Нашата земја се најде во светскиот врв според стапката на починати од ковид-19 во последниве седум дена. Според статистиката објавена на „Financial Times“ (последен датму на пресметка е 7 април 2020 година), Македонија е на третото место со две починати лица на 100.000 жители во последната недела. Пред нас во ова рангирање се Унгарија која е прва со 2,44 починати на 100.000 жители, додека на второто место е Босна и Херцеговина со 2,31 починати. Кога станува збор за бројот на новозаболени со ковид-19 во последната недела, заклучно со 7 април 2020, Македонија исто така се наоѓа на високото 11 место во светот со 52,8 лица на 100.000 жители.

Во оваа рангирање пред нас се Турција, Јордан, Естонија, Полска, Кипар, Србија, Унгарија, Бахреин, Уругвај и Куракао, земја која бележи најголем раст на инфицирани со коронавирусот во последните седум дена. Инаку, анализата на „Financial Times“ е направена по собраните податоци од Институтот „Џон Хопкинс“, Светската здравствена огранизација (СЗО), „UK Government coronavirus dashboard“, Агенцијата за јавно здравје на Франција и шведската агенција за јавно здравје.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838