Претседателот на УМС - ВМРО ДПМНЕ Битола, Марко Јосифовски додели благодарници


На 6ти Април, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ наполни 30 години постоење


Тоа не се само 30 години како број и празно множество или како 30 години природен процес на вегетирање. Напротив, тоа е процес на градење, растење, зреење, активизам, модернизирање, патриотизам, напредок...


По повод 30 годишнината на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола, од страна на актуелниот претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола, Марко Јосифовски, беа доделени благодарници на сите претседатели на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола од самото формирање до денес.


Благодарници за нивниот труд, посветеност, пожртвуваност и макотрпна работа добија:

Ѓоко Ликушевски Иван Ѓелов Благој Трајковски Сашо Никовски Зоран Попчевски Игор Каранфиловски Николче Стојановски Александар Димитровски Моника Ангеловска Никола Котевски Илче Димовски Пеце Милевски Јовица Богоев Бојан Димовски Елена Трајчевска


УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола никого нема да остави заборавен, бидејќи УМС не е само младинска политичка организација, УМС е фамилија и начин на живот. А ние како млади луѓе кои ја негуваат традицијата никогаш нема да ги заборавиме нашите корени, бидејќи дрво без корен не бидува.


#МладиКоиПраватРазлика #ВоМладитеЕСилата #УМСБитола


29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum