Афера „Мафија“, македонски пасош добил Валид Иса Хмаис, главен перач на пари на италијанската мафија


Како дел од аферата „Мафија“ која ја обелодени ВМРО-ДПМНЕ, во која озогласени нарко босови добивале македонски пасоши од МВР, бил и член на италијанската мафија Ндрангета, односно Валид Иса Хмаис познат како човекот со 100 идентитети.

Според информациите тој важи за главниот перач на пари од трговија со кокаин на Италијанската нарко мафија Ндагрета.

Македонскиот пасош го добил на 09.01.2019 во Скопје, во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош К1032388 со украден идентитет на Македонецот од Корча, Вурмо Таќо роден 1965г. Валеед е 4та деценија нарко мафијаш кој ја почнал кариерата во 80-тите години и е еден од најдоверливите луѓе на шефот на Ндагрета, Роко Морабито кој е број 1 таргет и бегалец на Италијанското Министерство за внатрешни работи.

Валеед од 2017 година е во бегство на повеќе држави во светот, а по добивањето на Македонскиот пасош на име Таќо Вурмо, 2 пати во месец јануари 2019 го искористил македонскиот пасош и преку Аеродром Петровец заминал за Турција.

Според последните информации се наоѓа на островската држава Маврициус Која е Ндрангета?

Италијанската мафија Ндрангета контролира големи количини на кокаин кои пристигнуваат во Европа од Јужна Америка. Таа важи за широко распространета во италијанското општество и за неа се поврзани бројни убиства, обиди за убиства, изнуда, проневера, откривање државна тајна и злоупотреба на службената положба.

Минатата година Италија започна со апсења на групата, а оваа година започна и нивното судење кое важи за најголемиот судски процес на 21 век.

Тоа е најголемото судење за организиран криминал во Италија во последните неколку децении, а 355 лица се осомничени за наводна поврзаност со мафијашкиот клан Ндрангета. Повеќе од 900 лица се очекува да се појават како сведоци за време на судењето, а обвинетите се обвинети за голем број кривични дела – од перење пари, преку изнуда и трговија со дрога, до убиства. Италијанските медиуми наведуваат дека судењето се очекува да трае најмалку две години. Процесот се одвива во специјално уредена зграда во Калабрија на југот на Италија, каде што се наоѓа срцето на Ндрангета. Оваа зграда претходно служела како кол центар, а сега има судница која претставува некој вид на тврдина.

Судскиот процес за организиран криминал од оваа големина не се одржал во Италија од 80-тите години на минатиот век.

Кои се обвинети? За разлика од процесот од осумдесеттите години, кога им се судело на членови на мафијашки семејства од Сицилија, сега мета на обвинителството е фамилијата Манкузо. Таа игра значајна улога во кланот Ндрангета. Овој клан претставува најмоќна мафијашка група во Италија, а фамилијата Манкузо работи главно во калабриската провинција Вибо Валенсија.

За време на предистражната постапка, беа потребни повеќе од три часа да се прочитаат имињата на обвинетите, објави новинската агенција АФП.

Меѓу обвинетите има политичари, полицајци, јавни службеници, како и наводни членови и соработници на мафијата.

Првообвинет е 66-годишниот Луиџи Манкузо, чиј прекар е Чичко, а тој е обвинет за водач на групата. Некои други обвинети исто така имаат интересни прекари – Волк, Дебели, Плавуша.

Бројот на осомничени надминува 400 кога ќе бидат додадени 92 осомничени кои избрале брзи судења.

Меѓу нив е Џанкарло Пители, адвокат и поранешен сенатор на партијата Форца Италија на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Пители негираше дека ги поврзувал членовите на Ндрангета со политичари и судии. Повеќето од обвинетите беа уапсени во полициски акции во Италија, Германија, Швајцарија и Бугарија во декември 2019 година.



извор: вечер

29060043_2016680208590936_36926234558838