Изворот на заразата во Битола се јавните претпријатија: Вработените исплашени бараат помош



СЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ ОД ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ: Вработени во јавните претпријатија исплашени апелираат и бараат помош од медиумите, изворот на заразата во Битола се јавните претпријатија


За првпат од почетокот на пандемијата, Битола е зад Скопје по бројот на активни болни од ковид-19. По Скопје со 10.838 активни, следуваат Куманово и Битола со 1.150 и 1.149. Ова е галопирачки раст на бројката на заразени ако се знае дека на први април, Битола беше на четврто место со 897 активни случаи, после Скопје, Прилеп, Куманово. За шест дена во градот бројката се зголеми за 252 лица.

Почитувани, Секојдневно сме сведоци дека бројот на заболени од КОВИД-19 во Битола е постојан пораст и за жал бројот на смртни случаи од ден на ден се повеќе се зголемува. Но локалната власт заедно со јавните претпријатија никако немаат слух односно воопшто не ги почитуваат протоколите за редуцирано работно време, работа во смени или работа од дома на дел од вработените.


Деновиве бројот на заболени од КОВИД-19 во јавните претпријатија е драстично зголемен и со тоа покрај тоа што се загрозува здравјето на вработените се загрозува и здравјето на граѓаните кои се корисници од услугите на јавните претпријатија. Ваквата ситуација е најаларманта во ЈП ВОДОВОД во слична ваква ситуација се вработените и во КЈП Нискоградба и ЈП Комуналец каде ситуацијата веќе е излезена надвор од контрола бидејќи инкасаторите кои секојдевно се на терен ги отчитуваат водомерите за потрошена вода и доставуваат сметки се сместени во една просторија која е премала.


Исто така и вработените кое се сместени по канцеларии е значително поголем од бројот и неможноста да држење на потребното минимум растојаниe.Ја повикуваме локалната самоуправа заедно со директорите на јавните претпријатија да преземат мерки согласно препораките со редуцирање на бројот на вработени, сменско работење или работа од дома со цел заштита на здравјето на вработените и граѓаните. Доколку најитно не бидат спроведени препораките согласно важечките протоколи за оваа ситуација и каде што најдиректно се загрозува здравјето на граѓаните ние преку нашите синдикални организации ќе поднесеме претставки до надлежните инспекции со цел регулирање на целото ова безредие кое кулминира со пандемијата од КОВИД-19.




29060043_2016680208590936_36926234558838