Русковска: Акцијата во Грчец беше пробиена, затоа не најдовме голема колчина на дрога, пари и коли

Шефицата на Обвинителството за гонење на организарaн криминал и корупција, Вилма Русковска денеска на прес конференција сподели детали за акцијата „Планина“.

-Пред една година со двајца обвинители и тим истражители решивме да се обидеме да собереме доволно докази со ќе се оневозможат дејствувањата на две криминални групи, едната од Грчец а другата од Гази Баба. Уште на почетокот бевме свесни дека зад секој од членовите мораме да собираме поединечни докази бидејќи тие дрогата која ја продаваа ја чуваат на безбедни места и постоеше мала веројатност при нивно апсење дека ќе се најде голема количина на дрога, во случајот кокаин, рече Русковска. Таа истакна дека на членовите на криминалните групи им биле следени комуникациите, но и биле тајно следени и снимени.

-Истражителите кои прислушуваа, добија сознанија дека ќе се врши продажба на дрога, по што се кооринираа со други истражители и ја снимаа продажбата. Лицата кои купуваа веднаш потоа се запираа и им беше одземена дрогата која ја имаа купено. Доколку беше за лична употреба беше давана на вештачење, а ако беше за препродажба се поднесуваа кривични пријави. Така цела година собиравме докази за сите членови на овие групи, бидејќи немаме доказ дека се меѓусебно поврзани и ќе бидат работени во два посебни предмети. Потоа се организираше акција за нивно лишување од слобода, рече Русковска. Таа појасни дека петмина од групата од Грчец се недостапни за истражните органи.

-Во село Грчец се извршени претреси на 26 локации, уапсени се 13 лица, од кои за 9 лица има определено притвор, за 3 куќен притвор и за едно лице мерки на претпазливост. Пет лица ни се недостапни, истакна обвинителката, која додеаде дека во групата член било и едно малолетно лице, на кое ќе му се суди посебно.

За криминалната група во Гази баба извршени се претреси на девет места, при што 8 лица се приведени и се наоѓаат во притвор, а по едно лице се трага.

– Во претресите одземени се над 80.000 евра, а за пронајдената дрога се уште не се готови вештачењата, но најдена се околу 5 килограми марихуана и 600-700 грама хероин. Најголем дел од парите се пронајдени при претресите во Гази Баба, а многу малку во село Грчец. Според посебните истражни мерки кои денеска завршуваат за лицата по кои се трага, акцијата во село Грчеце пробиена. Беше се исчистено и не се пронајде поголема количина. На три локација се најдени околу 100 грама кокаин, истакна Русковска.

Таа додаде дека без разлика на малата количина, располагаат со цврсти докази.

-Од стартот знаевме дека нема да најдеме голема количина, и затоа за секого посебно цела година прибиравме докази. Одземени се 3 возила, а луксузните возила на водачите беа сокриени и некаде пронајдени се само клучеви, истакна Русковска.

Таа појасни дека за сега нема информации за тоа кои се доушниците, бидејќи петмината главни се во бегство.

-Да беа фатени ќе им ги земевме телефоните, и ќе видевме. Но ќе направиме напори да утврдиме дали биле вмешани припадници на МВР или вработени во други институции, додаде Русковска.



извор: fokus.mk


29060043_2016680208590936_36926234558838