ЃОРЃИЕВСКИ: Христо Кондовски ги лаже битолчани дека не е поврзан со бизнисот и државни тендери?


Христо Кондовски да им одговори на битолчани, дали причината за прикривањето на сопственичкиот удел во неговите фирми лежи во тоа што токму тие фирми во периодот на владеењето на СДСМ од 2017 до денес, десеткратно ги зголемија нивните приходи и нето добивката?

Почитувани, Христо Кондовски навистина во последно време почна да ја зборува вистината за себе.

Христо изјавува јавно, на националната телевизија дека уште од првиот ден во општина ќе почне да заработува. Иако ништо ново, убаво што се одважи пред битолчани и призна дека тука за да заработи од Битола а не да работи.

Во истиот тој манир, денес го повикуваме да одговори дали цело време ги лаже битолчани дека не е поврзан со бизнисот и државни тендери ?

Зошто цело време изјавува дека излегол од приватните фирми во кои има сопственички удел и кои се вистинските причини за да каже такво нешто?

Христо Кондовски да им одговори на битолчани, дали причината за прикривањето на сопственичкиот удел во неговите фирми лежи во тоа што токму тие фирми во периодот на владеењето на СДСМ од 2017 до денес, десеткратно ги зголемија нивните приходи и нето добивката?

Конкретно, првата фирма, на крајот на 2016-та година имала приход од 32.718.327,00 денари кои следната година пораснале дупло на 67.531.833,00 денари, за на крајот од 2020 приходот на Христо да изнесува над 3 и пол милиони евра.

Втората фирма, од 2 илјади евра на крајот на 2020 стигна до фантастични 440,000 евра. Третата фирма од 13 милиони денари на крајот од 2016 та година, на крајот на 2020 заработила дури 2 милиони ЕВРА.

Почитувани битолчани, овие три фирми само во 2020 година имаат бруто приходи во висина од 6.645.523,00 евра. Ваков профит ниту јапонците не можат да постигнат!

Мои битолчани и тоа не е се. Сестринските фирми дел холдингот во кои Христо е дел од струмичката бизнис банда од Битола сака да заработи само за 4 месеци имаат добиено 15 милиони евра државни тендери, пари на граѓаните!

Повелете на увид, тековни состојби издадени од Централен Регистар за 5 фирми регистрирани во Битола, со датум 22.10.2021 година, кои потврдуваат дека овие фирми се сеуште сопственост на Христо Кондовски, порача советникот на ВМРО ДПМНЕ, ЃОРЃИ ЃОРЃИЕВСКИ.


29060043_2016680208590936_36926234558838