НИКОЛОСКИ: Кога СДСМ е на власт се намалуваат пензиите


Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски за време на посетата на Битола имаше средба и со пензионери на Широк Сокак.

„Главно пезнионерите се загрижени за актуелните случувања во Македониоја, ги мачат и финансиските проблеми и проблемите во делот на владеењето на правото. Секако се загрижени за пензиите кои што им се намалени за некаде 1000 денари заради лошата методологија на пресметка. Знаете дека ВМРО ДПМНЕ секогаш кога е на власт работи во интерес на пензионерите, кога е СДСМ на власт се намалуваат пензиите, кога ВМРО ДПМНЕ е на власт растат, така што во следниот период после промената на власта очекуваме пензиите повторно да растат.


Разговаравме и за она што им е битно во Битола и за аспектите кои што им се битни, што може да направи новиот градоначалник Тони Коњановски за да им помогне, така што се на се една корисна дискусија од која што очекувам позитивни рефлексии во следниот период“ рече Николоски.


извор: тера

29060043_2016680208590936_36926234558838