Во јануари во Белград бил планиран атентат на Вучиќ, тврди Брнабиќ

Формирани се паралелни структури во Министерството за внатрешни работи и водени се кампањи во тајкунските медиуми, кои ги пренесуваа и медиумите во регионот, за да го демонизираат Вучиќ и од него и од неговото семејство да направат криминален клан, изјави српската премиерка за ТВ Пинк, но не даде други детали.

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска објави дека бил планиран атентат на претседателот Александар Вучиќ на откривањето на споменикот на Стефан Немања на 27 јануари годинава во Белград.


-Се работи за долго и детално планирање. Формирани се паралелни структури во Министерството за внатрешни работи и водени се кампањи во тајкунските медиуми, кои ги пренесуваа и медиумите во регионот, за да го демонизираат Вучиќ и од него и од неговото семејство да направат криминален клан, изјави Брнабиќ денеска за телевизија Пинк.



извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838