Заев: Откако го искритикував Мерко, многу се поправи


Секаде каде СДСМ нема кандидат за градоначалник во вториот круг од Локалните избори 2021, а од спротива е опозицијата, поддршката на нашето членство ќе биде за коалицискиот партнер, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев кој денеска беше во Охрид.


Коалициската Влада и националната коалицијата е стабилна, со надеж дека таа ќе зајакнува и во иднина. Испративме јасна порака на демократија и слобода во определба на листите, па и на граѓаните преку независните листи. Но, во вториот круг се обединуваме. Во општините каде сме присутни само коалициските партнери, како Долнени, Арачиново, Чашка, во такви околности ќе се обидеме да победиме како СДСМ со позитивна кампања и промоција на нашите проекти. Таму каде се коалициските партнери ДУИ и БЕСА, оставаме граѓаните, секако тие сами одлучуваат, секако и нашите членови имаат инструкции да гласаат по слободно убедување за она што е најдобро за нивниот град, рече Заев нагласувајќи дека се работи за принципиелен пристап каков што доликува на европска коалиција, европска земја изразувајќи уверување дека граѓаните преку својата поддршка ќе тоа ќе го вреднуваат со своите гласови.


Во врска со кандидатурата на Рамиз Мерко за чија работа лично како премиер имаше забелешки, Заев рече дека после укажаните забелешки имало доста промени.


После моите апели во име на иднината на Охрид, па и на Македонија, имаше доста промени за преземање чекори во насока на потврдување на статусот во УНЕСКО. Во тој момент не бевме задоволни од градоначалникот на Струга, но со задоцнување од седмица, две почна и тој затоа што Охрид не само на охриѓани, туку на сите…Сите пред се мораме да им служиме на граѓаните, некојпат можеби ќе бидеме критикувани затоа што некому тоа не му се допаѓа, но сите знаат тоа е добро за градот и навистина така се постапува, рече Заев.


Тој рече дека Мерко ја има поддршката, верувам дека таа природна поддршка ќе го направи победник, а оти критиките се здрави, добредојдени, низ нив се учиме за да може подобро и поефикасно да се служи на граѓаните.


Мерко има обврска да продолжи понатаму да работи на отстранување. Знаете УНЕСКО ни даде две години период пред нас, да ги средиме работите, тие нема да ни простат. Охрид е и на охриѓани, стружани, на сите нас, тој е светско богатство и нема да ни дозволат да мрднеме ниту сантиметар. Дали тоа е Заев, Коста, Рамиз или било кој, наша обврска и должност пред идните генерации тоа мора да биде така, рече Заев.


OhridNews, shilomagazin

29060043_2016680208590936_36926234558838