БЛУМБЕРГ: Со ова темпо на вакцинација, Македонија ќе ја победи короната по 10 години!

Со досегашното темпо на имунизација, на Македонија ќе ѝ бидат потребни над 10 години за да го победи коронавирусот, е заклучокот од истражувањето на „Блумберг“, кое го пренесува српскиот весник „Курир“. Проценката е направена врз основа на само 0,3 проценти вакцинирано население до 6 април, односно 14.000 аплицирани дози.

Србија е неприкосновен лидер по вакцинација за Ковид-19 во регионот, но и во самиот европски и светски врв, па за неа се проценува дека ќе ја победи болеста за пет месеци. Словенија тоа ќе го стори за 10 месеци, Грција за 13, Романија и Црна Гора за 15, Хрватска за 16 итн.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838