ЗАЕВ: Предност е што сме земја со задоцнување со вакцинацијата
Премиерот Зоран Заев очекува вакцинацијата да биде масовно прифатена од граѓаните, бидејќи, како што рече, тоа е единствениот начин да се стави крај на пандемијата. Вакцините се безбедни, вели премиерот, а тоа се покажало од искуствата од досега спроведената имунизација во другите земји.
-Очекувам масовно прифаќање на вакцините во Северна Македонија. Има една предност што сме, така да кажам земја со задоцнување со вакцинацијата. Земјите членки на ЕУ почнаа пред нас и можевме да согледаме предности и слабости, по што може да извлечеме единствена констатација дека вакцините се здрави и оти дека треба да ги користиме сите, рече премиерот.
