Герет Бејл: Самиот видов ВОНЗЕМЈАНИ!


Герет Бејл уште еднаш потврди дека е необична личност. Тој неколку години беше во Реал Мадрид. Никогаш не се потруди да научи шпански, имаше проблеми со дисциплината, беше на удар на фановите на “кралевите“, во конфликт со Зинедин Зидан. Сега е на позајмица во Тотенхем, но и натаму како да му е баш гајле за фудбалот. Па така за клупскиот канал на Тотенхем, даде по малку шокантна изјава, поврзана со НЛО.


“Повеќе од јасно е дека денеска во светот постојат повеќе теории на заговор, но исто така знам дека постојат снимки и фотографии со НЛО. Тоа го објавија властите на САД. Тоа не се лажни вести. Исто така сум сигурен дека постојат и вонземјани. Некој ги крие. Сепак бидете уверени дека јас самиот сум видел вонземјани“ изјави Велшанецот, кој до пред извесно време важеше за еден од најдобрите фудбалери во светот.

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum