Кој сака да се качи на ТИТАНИК ?


Колумна - Виктор А.К.А. Башлак


Заврши првиот круг од Локалните Избори 2021 со резултат 22-9 во корист на опозицијата. Она што е важно да се напомене е тоа што, повторно сите анкети на власта пропаднаа во вода, а оние на опозицијата во голема мера се остварија. Исто така се покажа дека Зоран Заев не е добро информиран, па најавата дека ќе победи 22-6 сега служи за потсмев, а најавата на Ненад Јовановиќ дека СДСМ ќе слави со 30-6 по првиот круг, сега служи за чевли чистење.


Наредното утро, по објавувањето на официјалните резултати на ДИК, започна масовното “ладење со жешка вода” по владините медиуми, дека, владеачката коалиција сега ќе се окрупни и дека после потопот од првиот круг, сега ќе се исправат како брана и ќе ги победат сите неприлики кои ги навтасале. Премиерот Заев истакна дека нивниот коалиционен капацитет е огромен и дека тоа не треба да се заборава. И за крај, исто како и пред првиот круг, премиерот најави убедлива победа во вториот круг.


Во Битола, исто така, се случи потоп од Библиски размери. Покрај сите притисоци во Јавните Претпријатија, покрај сите медиумски притисоци, покрај мегаломанските рекламирања, народот излезе и казнуваше. Вчерашните извештаи покажаа дека на facebook профилот на кандидатот Христо Кондовски се потрошени 240.000 денари за рекламирање, или Христо Кондовски финансирал по 200 евра на секоја негова објава. Кога тука ќе се додадат тршоците кои Христо ги праваше за рекламирање на Тера, Битолски весник, Шеталиште, Новост, Доказ и ред други портали, можеби сумата ќе замини над 20.000 евра, што го оправдува впечатокот дека Христо Кондовски пред првиот круг на битолчани не им излегуваше единствено од тушот.


После дебакалот од првиот круг, како што кажав, испливаа изјавите за големиот коалиционен капацитет на СДСМ. Во овој момент, фокусот е тргнат од кандидатите. Фокусот не е повеќе на Христо Кондовски. Сега фокусот е Зоран Заев. Коалициониот капацитет на СДСМ сега не е истиот како пред првиот изборен круг. Тие можи да изјавуваат што си сакаат, но политичката наука вели дека коалициониот капацитет на владеачка партија, со прогресивен пад, е еднаква на капацитетот на ТИТАНИК после судирот со сантата на сред Атлантски океан. Кој сака да биде во коалиција со владеачка партија во пад ? Кој сакал да се качи на ТИТАНИК откако бродот се судрил со сантата ? Одговорот на двете прашања е никој. Она што поверојатно може да се очекува е дораспаѓање на коалицијата благодарение на изборниот резултат од првиот круг во Тетово. И конечно, коалициониот капацитет на СДСМ е отсликан во ТВ дебатите на Телма и на МТВ кога гостуваа кандидатите за градоначалници на Скопје. Петре Шилегов беше растегнат, па дури дебатата на МТВ ја напушти во средишниот дел.


Во Битола, сега, народот ќе биде изложен на дополнителни притисоци. Но, законот на физиката вели: Колку отпорот е поголем, притисокот е помал. Слетствено на ова, притисокот на СДСМ ќе биде еднаков на автомобил со скината сајла на туражата. Притискаш на педалото, а колата не оди. Не знам кој може да очекува организирана поддршка од коалицијата кога цела кампања, кандидатите на ЛДП и ДОМ беа нарекувани со погрни зборови од кои најдобри беа: вечни приврзоци и вошки. Кој може да очекува организирана поддршка од коалицијата кога цела кампања, на кандидатите на ЛДП и ДОМ им беа праќани СМС и facebook пораки со заканувачки теми. И за крај, доколку ЛДП и ДОМ не го фатат овој национален бран на незадоволство, доколку ЛДП и ДОМ ги поддржат кандидатите на СДСМ, тогаш за неколку месеци, на новите парламентарни избори, ќе бидат во опозиција засекогаш. Да не се лажеме, секако вториот круг ќе биде за десетина дена, резултатите ќе покажат дека СДСМ претера со заканите, со уцените, со притисокот, со навредите, со вообразеноста, егоизмот и ароганцијата. Тоа е лекцијата која ВМРО-ДПМНЕ треба да ја научи на памет и никогаш да не ја заборава: Не се владее со насилство, притисок, сеење страв и ароганција. Со народот треба да се поставува човечки.


Народе, станувај, за две недели ја имаме една од финалните битки против домашниот антидржавен апарат инсталиран во власта. Издржете на последните притисоци, одиме на силна народна победа за крај на Заевизмот кој не обезличи како народ и држава.

29060043_2016680208590936_36926234558838