Шахпаска потпишува тендер, Кочо Анѓушев добива 3,6 милиони евра, народот плаќа


„Брако“ веќе го наплати поголемиот дел од монтирањето на модуларните болници и нивното опремување, откако преку посебна сметка за итно справување со КОВИД-19 на Министерството за труд и социјална политика веќе му се префрлени 3,62 милиони евра на добитникот на меѓународниот тендер, пишува Фактор.мк.


По добиено одобрување од Светка банка, на истекот од минатата година со велешката компанија беа потпишани два договори за набавка на модуларните болници и за набавка на мебел и немедицинска опрема.


„На двата јавни повици најниска понудена цена доставена е од Брако ДОО Импорт-Експорт, Велес, Република Северна Македонија, со тоа што на меѓународниот тендер за модуларните болници оваа компанија учествуваше со заедничко вложување со друга компанија.


Вкупната вредност на двата договори изнесува 287.371.490,00 денари. Како што ѝ е познато на јавноста во градовите Гевгелија, Струмица, Куманово, Кичево, Струга, Гостивар, Штип, Велес, Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци, Кочани, Скопје – Козле и Дебар веќе се инсталирани и опремени модуларните болници. Додека во Ресен и Тетово инсталацијата е во тек. Досега се исплатени 223.076.984,00 денари“, гласи одговорот од Министерството за труд и социјална политика.


Повикот за набавка на 17 модуларни монтажни болници преку заем од Светска банка беше објавен лани во октомври преку “United Nations Development Business”, како и повикот за набавка на мебел и немедицинска опрема за опремување на модуларните монтажни контејнери.


целиот текст може да го прочитате на Фактор.мк, курир

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum