Биле издавани пасоши на мафијаши, Вукотиќ станал Андонов, Бекер добил пасош на име Џаидин Адемовски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција приложи докази дека двајцата, како што тврди тој, членови на високи мафијашки структури Јован Вукотиќ и Седат Бекер, добиле македонски пасоши со туѓ идентитет. – Кога пред неколку месеци кажав дека со државата владее мафија, бев обвинет дека сум престрог во квалификациите. Тогаш имав индиции Кога знаев што станува збор, имав индиции, а денес имам докази дека власта е поврзана со мафијата, или подобро кажано мафијата има своја држава. А, како поинаку да се наречат Заев и Спасовски кога државата ја имаат ставено на тацна на криминалните структури, најголемите балкански нарко босови. Свиркач достави информации дека пасоши се давале на високи мафијашки структури. И тоа директно во МВР. Најскапото се добивално најевтино. Пасоши издавани од МВР, но со украден идентитет.

Нашите информации говорат дека патните исправи од МВР на белосветски пристапници, има повеќе стотици. Добиле ретка можност со легален пасош, но на туѓо име да патуваат, да отвораат сметки, да перат пари…

Таков пасош издаден од МВР има и лицето Јован Вукотиќ, кој медиумите го преставуваат како водач на Шкаљарски клан, а пасошот бил на име Андонов Георги. Вукотиќ во белградскиот Суд признава дека добил македонски пасош, на туѓ идентитет. Уапсен во Анталија и испратен во Србија. Во неговиот исказ кој го води заменик јавниот обвинител јасно стои, дека тој дошол во Македонија, дал отпечаток, на патната исправа е неговата слика, и со таа патна исправа патувал Украина, Шпанија, Турција итн.

Вториот Седат Бекер, кој има барање за лична карта Џаидин Амедовски, фигурира и во избирачки список, има право на глас и во Општина Чаир. Може да се претпостави дека ова лице можеби гласало, или е оној со брзи прсти на референдумот.

За да се издадат овие пасоши, потребно е да се влезе во станица, да се сликаат, и да добијат вакви документи. Ова е шамар за секој граѓанин, за државата, и доказ за тесната врска на државата со мафијата.


Освен тоа што овозможувале логистика, тие кршеле права на граѓани доколку се утврди дека е украден идентетот на некој наш граѓани. За случајот „Мафија“ сведоци сме на притисоци на власта да се премолчи, да се остави и да се заборави. Но, тоа нема да може. Моето длабоко убедување, ваков случај не може да се случи без знаење на високите структури на власта, ако не знаеле, тогаш ја предале власта на мафијата.

И ова не треба да заврши вака дека МВР апси некои „ситни риби“ и службеници. Ова не би било без да знаат високите раководни структури. И ако не заврши одговорност на некој, тогаш повторно го заштитуваат криминалот.

Овие документи ќе ги предадеме и на обвинителството за брза акција. Ветувам дека една од првите работи кои ќе ја расветлиме кога ќе дојдеме на власт, е токму ова. Одговорност мора да има, рече Мицкоски.



извор: слободен печат

29060043_2016680208590936_36926234558838