Македонија вoeн полигон: САД, Грција, Бугарија ќе учествуваат на двомесечна вoeна вежба во земјава

На предлог на Министерството за одбрана на седницата е разгледана информацијата е донесена одлука за влегување и престој на странски вооружени сили на територијата на Република Македонија заради учество на вежба „Одлучен удар 21″.


Се работи за воена вежба која ќе се одржи во период од 28 април до 30 јуни 2021 година и која е дел од големата годишна, здружена, мултинационална вежба „DefenderEurope – 21″ со учество на околу 1300 припадници на Армијата на Република Македонија и активно учество на 500 припадници од Вооружените сили на Соединетите Американски Држави, 20 припадници од Вооружените сили на Република Грција и 20 припадници од Вооружените сили на Република Бугарија, со возила, вооружување, опрема, материјално-технички средства и воздухоплови.



извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838