Пакетот антикризни закони блокиран со 3.000 амандмани од коалицијата Алијанса/Алтернатива


На Собранието сепак ќе му треба време да ги одобри трите закони од петтиот антикризен пакет за Ковид-19, бидејќи пратеничката група на Алијансата за Албанците и Алтернатива го исполни предупредувањето и достави 3000 амандмани на вчерашниот состанок на собраниската Комисија за финансирање и буџет .


Оваа опозициска коалиција бара прво да се изгласаат законските измени кои ќе овозможат стекнување на државјанство само со тројца сведоци. Координаторот Скендер Реџепи во една прилика дури и рече дека бизнисмените може да почекаат некое време за да им ги исплатата платите на вработените.


Собраниската Комисија за финансирање и буџет вчера беше закажана откако претходно во Собранието владејачкото мнозинство и ВМРО-ДПМНЕ постигнаа договор да се изгласаат овие закони. Но, пратеничката група на Алијанса за Албанците и Алтернатива, како што најавија, ќе ги блокираат законите.


Комисијата за финансирање и буџет беше закажана откако вчера беше постигнат договор помеѓу владејачкото мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на 36. седница останаа само Предлог на закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците февруари и март 2021 година, по скратена постапка, Предлог на закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на личен доход, сите по скратена постапка и во второ читање.



извор: фактор

29060043_2016680208590936_36926234558838