(Во живо) Вучиќ до Албанците и нивните сојузници: Ако има вojна жecтокo ќе ве поразиме


Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ во своето обраќање пред косовските Срби пред целата српска и светска јавност упати закана до Косово дека доколку продолжат да ги загрозуваат животите на српското население на Северот на Косово, Србија ќе мора воено да интервенира.


Тој упати апел до НАТО да си ја заврши работата, а Албанците да запрат со насилството против Србите бидејќи доколку тоа не се случи ќе има војна во која Албанците и нивните пријатели жестоко ќе бидат поразени.


-Го молам НАТО да ја врши својата работа, ги молам Албанците да не се обидуваат со насилство да удираат по Србите, а ако тоа го направат и мислат дека со помош на одредени сили дека ќе ја победат Србија, мојот одговор ќе е кристално јасен.Во таа борба во која мораме да ги штитиме животите на нашите деца на Косово, за прв пат со сигурност ви кажувам дека ќе победиме.


извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838