Трагедија: Почина поранешната ракометарка на Кометал ЃП, Јулија Портјанко

Утринава на 38 години почина поранешната македонска репрезентативка и член на Кометал Ѓорче Петров, Јулија Николиќ, претходно Портјанко.

Таа во 2003 година пристигна во Кометал Ѓорче Петров и шест години настапуваше за тимот кој доминираше во македонскиот женски ракомет. Потоа го носеше дресот за Ушкудр, Арвор и Звезда Звенигород, за во 2013 година повторно да се врати во Македонија. Оваа ракометарка доби македонско државјанство и настапуваше за македонската ракометна репрезентација, а последно го облече националниот дрес на ЕП во 2012 година.


ИЗВОР: ФОКУС


29060043_2016680208590936_36926234558838