Уaпceни повеќе полициcки слyжбeници: Акцијата на MBP е во кoopдинација со американски истражители

Претпладнево во голема полициска акција се уапсени десетина полициски службеници кои биле дел од ланец за фалсификување на патни исправи и лични документи !


Канал 5 ТВ дознава ексклузивно дека по повеќе од година дена истрага и документирање на дејствувањето на криминалната група, МВР во координација со Канцеларијата за истраги на Американската амбасада и Интерпол спроведува голема акција која се уште трае.


Канал 5 од свои извори од истрагата од МВР велат дека вчерашниот брифинг организиран од една политичка партија бил во насока да се саботира оваа меѓународна акција.

Од МВР пак само ни потврдија дека во тек е голема акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување.



Извор: Канал 5

29060043_2016680208590936_36926234558838