Германија посакува одмазда, Македонија се надева на ново чудо вечерва!

Вечерва со почеток од 20:45 часот, Македонија ја пречекува Германија во вториот меѓусебен дуел од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022.

Во првата пресметка приредивме вистинска сензација откако ја совладавме Германија во Дуизбург (2-1), а вечерва нашите репрезентативци се надеваат на ново чудо. Од германскиот табор соопштија дека доаѓаат подготвени за борба и посакуваат одмазда за мартовскиот пораз, додека пак нашата селекција верува во нов успех.


извор: фокус


29060043_2016680208590936_36926234558838