Мицкоски: АФЕРА МАФИЈА - МВР издавало пасоши на повеќе од стотици криминалци

„Свиркач“ достави информации дека има организирана мрежа за изработка и издавање на патни исправи кои се давале на високи мафијашки структури, рече на денешната прес конференција лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Како што кажа тој, структурите дејствувале директно во министерството за внатрешни работи. -Се работи за легални пасоши, одобрени, изработени и издадени од Министерството за внатрешни работи и полициски структури, но со украден идентитет. Нашите информации говорат дека ваквите патни исправи издадени од МВР, на белосветски престапници, има повеќе стотици, рече Мицкоски.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838