Апостол Симовски: Многу попишувачи се откажаа од страв од зараза, но и одбиваа да се вакцинираат


Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во јули најавува нов конкурс за попишувачи, кои треба да бидат вакцинирани во август пред почетокот на презакажаниот попис на резидентното население од 1 септември.


– По одложувањето на пописот за септември, целиот процес ќе се повтори. Пред одложувањето, попишувачите беа во приоритетните за вакцинација, но 5 месеци е долг период и можно е во меѓувреме дел од нив да се вработат, а услов е попишувачите да се невработени. Ќе го повториме конкурсот за попишувачи, секако тие кои веќе беа избрани ќе имаат предност доколку повторно се јават на огласот. Се надевам дека до септември ќе се смени и ситуацијата со пандемијата, бидејќи сега имавме многу попишувачи кои се откажаа поради страв од зараза – изјави Симовски.


Така, пред одложувањето на пописот во Куманово од 300 попишувачи само 100 се пријавиле дека сакаат да се вакцинираат со вакцината на „АстраЗенека“. Симовски додава дека имунизацијата не е задолжителна и таа ќе биде на доброволна основа

- Ние сега од Министерството за здравство ќе бараме дел од вклучените во процесот на попис да бидеме приоритетна група за имунизација и да влеземе во таа шема– додава Симовски.


Пред одложувањето на пописот ДЗС се соочил со ситуација во која голем број попишувачи одбивале да се вакцинираат.


извор: faktor.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838