ФОТО I КОВИД СТАТИСТИКА: Македонија со најмалку вакцинирани, помалку од Того, Хондурас и Лаос

Според веб-страницата за податоци поврзани со коронавирусот „Нашиот свет во податоци“, на табелата за вакцинирани граѓани на 100 луѓе, Македонија се наоѓа помеѓу последните места, во друштво главно на Афричките земји.

Според податоците, Македонија има вакцинирано 0.43 луѓе на 100 жители, со што е рангирана полошо од земји како Того, Хондурас, Лаос, Мијанмар, Зимбабве и други. Од земјите од регионот, рангирани сме подобро само од Косово, додека под нас се наоѓаат во главно земји во развој, а може да се забележат и Сиера Леоне, Маурициус и земји како Виетнам, Тајланд, Брунеи и Авганистан. Тн. „масовна“ вакцинација која започна вчера во Македонија, предвидува дневно вакцинирање од околу 3000 граѓани, што значи дека доколку тој процес не се убрза, Македонија набрзо нема да излезе од друштвото на овие држави.

Според бројот на вкупно аплицирани вакцини, Македонија повторно се рангира малку подолу од Екваторијална Гвинеја, додека земјите како Андора и Фарските острови се далеку пред нас.

Целата статистика можете да ја прочитате со клик ТУКА.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838