„Серија А“ од 1 мај ќе се игра пред публика


Во моментов сезоната во Серија А влегува во својата завршница, а клубовите од калчолигата би можеле да добијат одлични вести, барем според првичните најави на италијанските медиуми. Медиумите објавија дека се разгледува опцијата за враќање на навивачите на трибините во Серија А од први мај, но тоа само ќе се случи во регионите каде што мерките против ковид-19 се намалени и не постои опасност од ширење на опасниот вирус.

Претходно, од Италија пристигна вест дека еден од градовите домаќини на Европското првенство (ЕП), Рим ќе дозволи да бидат исполнети и до 25% од капацитетите на трибините.

29060043_2016680208590936_36926234558838