Виктор А.К.А. Башлак: За Битола треба да се работи, а не од неа да се заработи !!!


Од првото ТВ соочување се виде дека, овие избори не се борба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Овие избори се борба за останување во Битола или преселба во Минхен. Борба на народот против градската бизнис елита. Всушност изборот не бил никогаш полесен и по едноставен, судир на два спротиставени концепти.


Имате да одберите помеѓу цел тим од стручни лица, кои ќе работат за Битола, во рамките на науката, законот и добрата воља. Луѓе кои ќе работат за промени и напредок, или ќе можите да одберите човек кој го пука егото и цело време потенцира "Јас, Јас, Јас, Моето, Моето, Мојата, Мојата" и притоа ветува научно фантастични проекти кои повеќето се прескапи и неизводливи.


Имате можност да бирате помеѓу човек со искрени и чесни намери и меѓу самонаречен успешен менаџер кој со проектите кои ги промовира сака да си ги направи своите парцели на индустрискиот пат атрактивни, да ги продава по поскапи цени и од позиција на градоначалник да си ги самоекпроприра.


Еве луѓе уште сега ви кажувам како стојат работите. Ако победи Христо Кондовски, сите ќе се печиме на ист ражен, без разлика на партиска, верска или етничка припадност. Битола ќе стани Кратово од девеесетите. Парите ќе бидат во Христо и партнерите, а ние ќе работиме со бонови. Парите ќе бидат во градската бизнис елита, а ние ќе наплаќаме со компензации. Пари ќе видиме само на сон.


Берете ум, или берете ги парталите, одиме во туѓина.




29060043_2016680208590936_36926234558838