Љупче од Штип: Од општината само се сликаа со мене и едноставно од нив немам никаква помош


Сторијата за младиот самохран татко Љупче Смилев која ја пренесе нашиот медиум ја крена цела Македонија на нозе. Судбината за овој млад човек и неговиот мал син во кој ретко кој може да остане рамнодушен. Тој немаше со што да го прехрани својот син, имаше нерешено стамбено прашање а и бараше работа и имаше тешки услови за живот.

Тој доби помош од многу страни, но побара и стабилна работа со која ќе може да го израсне својот син. Како што знае јавноста тој доби работа а и детето беше примено во градинка, но како што вели Љупче вистината е друга.

-Реалноста е сосем друга, од општина Штип ми дадоа работа во приватна фирма, јас отидов да работам таму, но таму јас не потпишав ниту еден договор за работа, ниту ми се побарани документи за да ме осигурат или нешто слично. -Со еден збор јас во таа фирма работам на црно, за 500 денари дневница. Од општината освен што се сликаа со мене и чукаа во гради, јас не добив никаква помош, вели ог орчено овој млад човек.

Љупче е благодарен до небо на хуманите граѓани и помошта што стигна од сите страни, во облик на храна, облека, средства за хигиена, пари. Додека од општината имал добиено само еден пакет со тестенини и 500 денари ништо друго. Хуманитарецот Александар Георгиевски кој бил еден од волонтерите при одвивање на акцијата за помош на Љупче даде свое видување.

-Пристигна многу храна, ако постоеше ден два таа храна ќе се расипеше, имаше премногу донација, затоа заедно со Љупче и сите кој бевме инволвирани таму одлучувме да побараме комбе од ,,Црвен Крст,,.

-И таа храна што е вишок да ја доделиме на други случаеви на кој им е потребно, од таму ни излегова во пресрет ни пратија комбе и испративме помош таму каде што е најпотребно, вели Алекасандар. Старателството врз синот на Љупче е сеуште кај неговата мајка која го напуштила, па тој вели за да си го земе старатеелството од социјалните служби му велеле дека мора да има стална работа и да биде осигуран.

-Поради тоа што немам стабилна работа, неможам да го добијам старателството врз син ми, јас сум работник не барам ништо повеќе, иако ги имам сите документи за социјален стан и уредно аплицирано сеуште нема ништо, вели Љупче. Свое видување на оваа ситуација даде и првиот човек на општина Штип, градоначалникот Сашко Николов

-Љупче беше вработен кај мој познаник човек кој го познавма долги години кај Кире Димитровски, во таа фирма за Љупче веднаш беше обезбедена ХТЗ опрема во вредност околу 3000 денари за да може да почне со работа. -За да биде пријавен во работен однос Љупче немаше соодветни документи, јас службите веднаш ги активирав за да ги извадат сите потребни документи што се потребни за да може да биде во работен однос.

-Таа документација се заврши за 2-3 дена, дури и му беше исплатено се во таа фирма, но после неколку денови тој не се појави во фирмата повторно. Љупче не бара многу, обезбеден е со облека со храна единствена желба му е да добие стабилна работа со која ќе може да го добие старастестлвото врз неговиот син, а и да му обезбеди подобра иднина.



извор: klaster.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838