Делегација на ОК ВМРО ДПМНЕ -БИТОЛА оддаде почит на Ѓорѓи Сугарев


Ѓорѓи И. Сугарев, роден во Битола, 1879, загинува предаден во село Паралово, Мариовско, 05.04.1906 по нов календар или 23.03.1906 по стар каледнар.

Бил учител, македонски револуционер, учесник во Илинденското востание, битолски околиски војвода.

За разлика од другите македонски револуционери кои по задушување на Илинденското востание пребегале во Бугарија, Сугарев останал во својата Македонија. Останал со својот народ сочуствувајќи со неговата болка и како еден од првите следбеници на Даме Груев се спротивставил на барањето за распуштање на Битолскиот револуционерен округ. Зачувувањето на организацијата му овозможува да се спротивстави на грчката и српската пропаганда во Македонија.

Во неколку акции успешно се спротивставил на гркомански и грчки чети во Битолско, а по барање на Велешката организација и Даме Груев заминал во Велес за да се спротивстави на српската пропаганда.


Во пролета 1906 година, по наредба на Битолскиот револуционерен округ, Ѓорѓи Сугарев познат како бескомпромисен борец против носителите на туѓите пропаганди и домашните предавници заминува да се пресмета со грчките андарти во Маривско.

Но наместо тие, тој падна во стапица, како жртва на најголемото предавство извршено во Битолско од страна на битолскиот предавник Петре Лигушо, тогашен секретар на Битолскиот окружен комитет.


За саможртва и за начинот кој го одбрал за да ја одбрани честа и достоинството на македонскиот народ преку повеќе песни ќе ја оплаче јуначка смрт на Ѓорги Сугаре. Саможртвениот чин на големиот Битолски војвода, кој во стварноста беше уште појуначки, ќе биде суптилно опеан во народните песни.

Во овие песни Ѓорѓи Сугарев е прикажан како националниот херој, во кои се опишани неговата храброст и јунаштво, како и неговата улога како заштитник на македонското население од физичкото и од духовното ропство.


Нека е вечен споменот за Војводата Ѓорѓи Сугарев !


29060043_2016680208590936_36926234558838