МИЛЕВСКИ: Наташа Петровска и власта директно одговорни за катастрофата во Битола


Заради состојбата во општина Битола со пандемијата од КОВИД 19, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, побараа на денешната седница на Советот на општина Битола да биде поставена само една точка на дневен ред. На која ќе се разгледа состојбата и ќе се донесат конкретни заклучоци и мерки кои ќе се спроведат и побараа присуство на градоначалничката Наташа Петровска како прв човек на Кризниот штаб и човек со највисока одговорност во градот.

Но, мнозинството не го разбра ова и повторно со политиканство се обиде да избега од одговори пред граѓаните.

Трагедијата, овој пат, за жал е во изгубените животи на наши сограѓани и неправењето ништо барем малку да се амортизира најголемата здравствена криза.

За жал власта смета дека има поважни работи во моментов како што се: - Назначување и избор на УПРАВНИ ОДБОРИ - Извештаи на ЈП; - Одлуки за прифаќање на донации;


Нема имунизација, здравствениот систем е колабиран, а се повеќе луѓе кои ги познаваме или се борат или ја изгубија битката со КОВИД 19.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во ниту еден момент не бега од обврските кои што ги имаат но денес инсистираа Петровска да дојде и да бидат преземени чекори кои на граѓаните барем ќе им олеснат во овие многу тешки времиња.

Заклучокот на советниците од опозицијата е дека, власта на СДСМ и Наташа Петровска бегаат од своите обврски и со неправењето ништо и практикувањето голо политиканство и задоцнети одлуки, со што за жал, сега веќе, се директно одговорни за смртта на битолчани.

Нема веќе простор за политика, човечки животи се во прашање. Свестете се !!!


29060043_2016680208590936_36926234558838