Царовска дeл oд cкaндaлoт „Меѓународен Сојуз“?: Taa лaни дeмaнтиpaшe, нo cвeдoкoт „ja зaкoпa“

Јавноста после една година не виде никаква тужба за клевета од страна на Царовска за изјавите на јовановски.

Во текот на вчерашното судење за случајот „Меѓународен сојуз“ или Рекет 2 , предметот во кој првообвинет е Бојан Јовановски за делата измама и перење пари со изградба на старски домови, сведочеше сведокот Лилјана Тодоровска.

Сведокот Тодоровска посочи дека по упатство на министерката Мила Царовска,таа како авторка на проектите за Домовите за стари лица, се упатила кон Музејот на современа уметност (МСУ), во летото во 2017 година за да присуствува на свечениот настан за основање на невладината ,,Меѓународен сојуз Скопје”.

–Таа ми посочи ден, место и време кога ќе се основа Меѓународен сојуз. Местото беше во МСУ, лето 2017 година. Симпатично бев изненадена од лицата кои присуствуваа. Тука и се запознав со Бојан Јовановски, Јасна Мандиќ и Кристина Блажевска, изјави сведокот Тодоровска.

Истата изјава пред судот ја даде и првообвинетиот Бојан Јовановски на судско рочиште во јули 2020-та година. Тогаш Бојан Јовановски рече дека Мила Царовска, во тоа време министерка за труд и социјална политика, ја донела кај него Лилјана Тодоровска, жена која подоцна се испостави дека добила на сметка 750.000 евра и имала задача да ги извлече и да ги предаде парите.

– Мојот договор со ГП Пелистер не падна од небо туку беше преку посредници, а вистиниските посредници ќе се дознаат преку кривичните пријави. Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска која е автор на проектот кај мене. Имав и прием и поддршка од Зоран Заев и од Оливер Спасовски, рече Јовановски пред судот на 23 јули 2020 година. Мила Царовска ваквата изјава побрза да ја демантира истиот ден и изјави дека Лилјана Тодоровска ниту ја познавала ниту соработувала и најави тужба за клевета против Јовановски.

-Во интерес на вистината сакам најостро ги демантирам сите дрски лаги и конструкции изнесени во јавност од страна на Бојан Јовановски за поврзаност со проект на ГП Пелистер и за било каква соработка со Меѓународниот сојуз и најавувам дека против него ќе поднесам тужба за клевета. Истовремено ја информирам јавноста дека со госпоѓата што ја споменува Јовановски во неговата изјава ниту некогаш сум соработувала, ниту лично ја познавам. Изјавата на Јовановски е целосна невистина и директен напад и уривање на мојот углед и достоинство за што ќе ги преземам сите правни мерки, напиша Мила Царовска.

Јавноста после една година не виде никаква тужба за клевета од страна на Царовска за изјавите на јовановски.

Но вчерашното сведочење на посочената авторка на проектот Лилјана Тодоровска ги потврди тврдењата дека Мила Царовска не само што била во контакт со Тодоровска, туку и лично ја упатила во невладината организација на Јовановски.

Сведочењето на Тодоровска ја вмеша и министерката Царовска во скандалот Меѓународен сојуз или Рекет 2 како што го нарекоа медиумите. Со ова се отвора прашањето, дали Мила Царовска ја излажа јавноста лани?



извор: инфомакс


29060043_2016680208590936_36926234558838