ЧОВЕК БЕЗ РАБОТА ЕТЕ ШТО МОЖЕ ДА НАПРАВИ: Започнува рушењето на галиите, прв е „Бродот на среќата“

Град Скопје денеска започнува со рушење на галиите во Вардар. Прва која ќе се отстранува е галијата позната како „Бродот на среќата“. -Станува збор за целосно демонтирање. Прво ќе се извадат движните работи а потоа ќе следува целосна демонтажа на галијата. Активностите за демонтажа ќе ги врши јавното претпријатие „Улици и патишта“ на кои сопственикот на галијата ќе треба да му плати за рушењето. Очекувам дека оваа постапка ќе трае неколку недели, а со тоа ќе расчистиме и со проектите од криминалниот ум на креаторите на Скопје 2014, бидејќи овие галии не само што не се естетски туку според анализите на стручните служби на Градот и УНДП, предизвикуваат и опасност од поплави, рече градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Галијата според пресметките на сопственикот чини 1.200.000 евра.





извор: слободен печат

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum