ОД УТРЕ ЗАТВОРАЊЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ И ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 20 ЧАСОТ, ПРЕДЛАГА КРИЗНИОТ ШТАБ

Се очекува Владата денеска да донесе нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот откако претпладното таква препорака произлегла од заседанието на Главниот координативен штаб, пренесува „360 степени“. Според сознанијата на порталот 360 степени, од утре па во наредните 14 дена ќе бидат затворени угостителските објекти. Исто така, за два час порано се поместува и почетокот на полицискиот час, така што наместо во 22:00 часот, тој ќе почнува од 20:00 часот и ќе трае до 5:00 часот изутрина.

Во текот на денов се очекува Владата да одржи седница и да ги формализира одлуките. Ова, најверојатно, е причината и за одлагањето на прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев и министерот за финансии, Фатмир Бесими, која првично беше закажана за денеска во 11 часот.



извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838