ФОТО I Со министерот си заминаа и мајсторите од Модуларниот ковид-центар во Битола

Пред доаѓањето на министерот за здравство Венко Филипче на партерното уредување на Модуларниот ковид-центар болници во Битола, работеа десетина мајстори кои ги поплочува пристапните патишта. Тие беа ангажирани да се средат пристапните патишта и околината на модуларните болници.


Во уредудвањето на партерното уредување на модуларните болници беа вклучени и работници на ЈП „Комуналец“. Но, само што заврши посетата на министерот Филипче, мајсторите кои беа ангажирани на уредувањето на болницата си ги собраа алатите и си заминаа.


Така, вчера и денеска никој не работеше околу уредување на модуларните болници, кои според зборовите на министерот Филипче се целосно подготвени да ги примат болните од ковид-19.


Чудно е тоа што, иако во Клиничката болница буквално се бројот креветите кои се слободни за да ги примат болните од ковид-19 во Битола, навидум не се брза за да се заврши Модуларниот ковид-центар и тој да биде пуштен во употреба.

Дали тоа се должи на наводното немање проект за просторно уредување на ковид-центарот, или недостиг на лекарски и друг медицински кадар, засега никој не сака да даде одговор.



М.М.

извор: novamakedonija.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum