ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Убав ден за љубов, а еве и за кого



ОВЕН

Работа: Не е најдобрата атмосфера на работа. Има одредена напнатост и никој не верува никому. Не жалете се за одлуки.

Љубов: Ви се допаѓа личноста што ja запознавте неодамна. Подготвени сте за иницијатива. Здравје: Недостаток на железо.

БИК

Работа: Може да ви се случат мали конфликти во деловното опкружување. Сепак, нема да има поголеми последици.

Љубов: Многу сте харизматични и лесно стекнувате нови познанства на љубовниот план. Ве очекува интересен ден.

Здравје: Ве следи вкочанетост.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Добар ден е ако планирате патување. Пред вас е фаза во која можете да бидете доста среќни со ситуацијата.

Љубов: Сега сте во период што носи можност да одлучите дали сакате нешто сериозно. Здравје: Намалете го алкохолот.

РАК

Работа: Солидната деловна ситуација ве прави среќни. Се чувствувате добро и задоволни сте од околностите во кои се наоѓате.

Љубов: Иако немате доволно докази за тоа, се сомневате дека вашиот партнер ве изневерува или крие нешто од вас.

Здравје: Склони сте кон воспалителни состојби.

ЛАВ

Работа: Можно е да сте нервозни пред важен деловен состанок и да се чувствувате многу несигурно.

Љубов: Поволен ден за љубов, ново познанство ви враќа чувство на радост и среќа. Вие сте заљубени.

Здравје: Болки во долниот дел на грбот.

ДЕВИЦА

Работа: Имате многу обврски пред себе, што сега не ви е лесно. Можеби сте презаситени на некој начин

Љубов: Може да се надевате на многу убави настани со вашата сакана.

Здравје: Можен е мал пад на имунитетот.

ВАГА

Работа: Можеби сте спремни да прифатите нова понуда кога станува збор за бизнис. Ве очекуваат позитивни промени.

Љубов: Можно е да имате чести несогласувања со партнерот и да се чувствувате лошо поради тоа.

Здравје: Помал пад на енергија.

СКОРПИЈА

Работа: Ви се дава шанса да влезете во нов проект со личност на која и верувате. Може да се надевате на позитивни околности.

Љубов: Вашиот партнер ужива во вашето присуство и двајцата сте среќни кога сте заедно.

Здравје: Психосоматски проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Можно е да немате добра комуникација со соработниците и од таа причина многу работи не одат како што вие сакавте.

Љубов: Ве очекува ден во кој нема да бидете фокусирани на љубовно поле.

Здравје: Вашата кожа е чувствителна и склона кон иритација.

ЈАРЕЦ

Работа: Можно е да се случуваат промени во вашето деловно опкружување. Бидете подготвени да прифатите некои нови работи.

Љубов: Саканиот ги покажува своите проблеми и приговори сосема отворено. Здравје: Можни се мали проблеми со срцето.

ВОДОЛИЈА

Работа: Време е да се откажете и да продолжите понатаму. За жал, никој нема да ги реши проблемите освен вие лично.

Љубов: Можно е да кружат некои гласини за вашата заљубеност што не ви се допаѓа.

Здравје: Денес сте многу чувствителни.

РИБИ

Работа: Не е претерано поволен ден кога станува збор за деловното поле. Не ризикувајте и не враќајте се на нови работни места.

Љубов: Сакате да ја освоите личноста што ви се допаѓа. Треба да се потрудите да успеете.

Здравје: Избегнувајте алкохол и сите пороци.

29060043_2016680208590936_36926234558838