СРАМ ЗА МВР: Црна Гора ни ја врати запленетата марихуана оти ѝ бил поминат рокот


Сатирична вест на порталот Кооперација.


Голем удар врз угледот на македонското министерство за внатрешни работи (МВР) зададоа денес нивните колеги од црногорското МВР, кои незадоволни од квалитетот на марихуаната што ја запленија вчера, ја оставиле дрогата на македонската граница заедно со полициското службено возило во кое таа беше заборавена. Имено, како што пренесуваат црногорските медиуми, тамошната полиција било комплетно разочарана од нашите полицајци, чиј аматеризам и неспособност за соодветно складирање довеле до тоа марихуаната да стане неупотреблива и ја ставиле во прашање идната соработка меѓу двете земји. Покрај тоа за внатрешни, со реакција се јави и министерството за надворешни работи на Црна Гора, кое испрати протестна нота до Владата и побара во најбрз можен рок да се организира испраќање на нова пратка со највисок можен квалитет како единствен начин да се подобрат односите.


gif

ИЗВОР: КОПЕРАЦИЈА

29060043_2016680208590936_36926234558838