(ФОТО) Еве каква ќе биде состојбата во бугарскиот парламент!


Во бугарскиот парламент има 240 места, па за формирање мнозинство се потребни најмалку 121 пратеник. Извесно е дека Борисов со претпоставените 67 до 75 пратеници тешко би можел да формира коалиција, без оглед дали изборниот праг ќе го помине неговиот досегашен партнер, ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов. Според последните резултати, врз основа на 100 % од паралелното пребројување на гласовите кое го објави агенцијата „Алфа рисирч“, за партијата на Борисов се определиле 25,2 отсто од бугарските бирачи. Овие резултати, според првичните проекции, на ГЕРБ би му обезбедиле 69 пратеници. Доколку конечните резултати не се разликуваат во голема мера со првичните, ова би значело дека ГЕРБ во новиот парламент ќе има значително помалку пратеници. На претходните избори владејачката партија освои 33,5 проценти од гласовите и имаше 95 пратенички мандати.

Во бугарскиот парламент има 240 места, па за формирање мнозинство се потребни најмалку 121 пратеник. Извесно е дека според актуелните бројки, Борисов не би можел да формира коалиција само со досегашниот партнер, ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов. Тој во претходниот состав во парламентот, заедно со партијата АТАКА, настапуваше под коалицијата со име Обединети патриоти, и имаше 27 пратеници. Но, по денешното гласање, ВМРО-БНД најверојатно ќе биде „најслабата“ парламентарни партии со освоени 4 проценти од гласовите односно 11 пратеници (според проекциите на „Алфа рисрч“). Меѓутоа, со оглед дека не станува збор за конечни резултати, не е сигурно ни дека ВМРО-БНД ќе успее да влезе во парламентот бидејќи изборниот праг е поставен токму на процентот околу кој се движи нивниот број на освоени гласови.

Но, се чини дека вистинскиот неуспех на овие избори ќе и биде припишан на досега најголема опозициска партија, Бугарската социјалистичка партија предводена од Корнелија Нинова. Таа воопшто не се појави во јавноста откако според проекциите (43 пратеници) стана јасно дека таа и нејзините социјалисти повеќе нема да бидат втората политичка сила, туку таа позиција ќе му ја отстапат на познатиот шоумен Слави Трифонов кој со своето движење „Има таков народ“ во парламентот ќе има 47 пратеници. Иако се очекуваше дека ќе има добар изборен резултат, неговиот одличен скор го прави клучен играч за формирање на влада.


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum