И Нopвeшкa ги yкинyвa кoвид-мepкитe: Пpeмиepкaтa им ce зaблaгoдapи нa гpaѓaнитe

Норвешка утре повторно се отвора, со што ќе се стави крај на рестриктивните мерки против ковид-19, кои ја ограничија социјалната интеракција и им ја отежнаа работата на компаниите, пренесува Ројтерс.


– Поминаа 561 ден откако ги воведовме најстрогите рестриктивни мерки во Норвешка.


Дојде време да се вратиме на нормалниот живот – рече премиерката Ерна Солберг.

Рестриктивните мерки ќе завршат в сабота во 16 часот, додаде таа.


Одлуката повеќе да не се бара социјална дистанца ќе овозможи културните и спортските настани повторно да бидат со полн капацитет.


Солберг спроведе три од четирите фази на планот за укинување на социјалните и економските ограничувачки мерки, но последната фаза беше одложена неколку пати поради стравувањата од зголемен процент на инфекција.


– Накратко речено, можеме да се вратиме во нормала – додаде Солберг.


Во Норвешка, 76 проценти од населението примило барем една доза од вакцината против коронавирусот, додека 67 проценти биле ревакцинирани.


– Сакам да кажам – Норвешка, ти благодарам многу – рече премиерката Солберг.



извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838