ВИДЕО I Разработена шемата на кpaдење во РЕК Битола


Љупчо Палевски Палчо во најновата емисија Тешки Муабети на Инфомакс зборувајќи за криминалот односно грабежот во РЕК Битола изјави дека се работи за разработена шема, склоп на висок криминал и на високи играчи во системот на Република Македонија.


„Газда Столе, на 22 март отворил стечај на СВ инвест,голема фирма која до само месец дена претходно функционира беспрекорно, со десетици милиони кредити, дури во јануари подигнале кредит негде милион, два милиони евра од Стопанска Банка АД Скопје. На 15 јануари фирмата се упишала во Централен регистар како азложен доверител, односно ја тогаш ја запишала хипотеката. Тоа е месец ипол пред да се отвори стечај, нему му даваат кредити во милионски износи, на СВ Инвест и тоа Стопанска банка АД Скопје, 11.02.2021, репрограм на кредит од 300 милиони денари (5 милиони евра); повторно Стопанска Банка, па ТТК банка на 23.11.2020 нов кредит, 42 милиони денари, односно 700 000 евра;, 01.10.2020 повторно 800 000 евра Прокредит Банка. На 01.10.2020, Прокредит банка, повторно милионски износи, 22.09.2020 ТТК повторно, 200 000 евра; 27.07.2020 нов редит, 31.01, Прокредит банка нов кредит, кредит од Силк 800 000 евра. Огромен лизинг за багери…, открива Палевски


Тој упати прашање до Гувернерката на Народна Банка на Република Македонија, дали работи, што работи и како ги контролира банкстерите на фирма која во март месец отвара стечај и сите овие побарувања си влегуваат во стечај, без разлика што се обезбедени.

Палевски појасни дека во овој стечај е отворен за да се сокрие криминалот.


„Криминалот на Васко Ковачевски РЕК и СВ Столе, е што во половина овие кредити СВ Инвест го заложува побарувањето. Значи она што потпишал договор на некаков тендер, а многу често и во четири очи, он го заложува во банка идното свое побарување по основ на тој договор и неговата работа во РЕК и банките по тој основ му даваат кредити. Склучува договор, го заложува во банка, крка кеш, кешот го трансформира во некакви трошоци надвор од земјата и потоа во договор со РЕК, полека полека со фиктивно копање дополнително со пола работа се изработува целата работа“, појаснува Палевски додавајќи дека Народна банка мора ја надгледува оваа кредитна изложеност, но и мора да се надгледува и работата на Електрани Битола која издава потврда за платени пари, дека допрва ќе плати.


„Значи банката за да стави заложно право на неговите фактури од изработена работа дава потврда дека ќе плати, а фактурите се веќе платени веќе еднаш. Вакво бррутално крадење на секој киловат електрична енергија од населението, досега немало“, нагласува Палевски, коментирајќи дека вклучени се и други фирми, помали подизведувачи, кои склучуваат договори во четири очи.


Емисијата Тешки Муабети во живо можете да ја следите ТУКА

извор: infomax.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838