МАКЕДОНСКИ АПСУРДИ


КОЛУМНИСТ : ПЕТКО БУРЛИЈОВСКИ - поранешен полициски инспектор и претседател на невладината организација ПРЕВЕНТ ПЛУС - Битола

Зборот Апсурд означува: бесмислено, нескладно, против здравиот разум, спротивно на нормалното, глупост, нелогичност и слично. Секојдневните изјави и активности на дел од македонските политичари се токму апсурдни и во оваа прилика ќе се обидам преку конкретни примери да ги објаснам таквите апсурди кои македонскиот народ и држава ја доведоа до ова тереџе во кое Македонија се наоѓа.


На неодамнешната прослава по повод 30 годишнината од осамостојувањето на РМ од страна на Председателот Пендаровски на Г-дин Стојан Андов му беше доделена плакета како награда за допринос за осамостојувањето на РМ, а истовремено на гробовите на Г-дин Глигоров и Г-дин Трајковски му беа поставени венци за истите заслугии. Со тоа Председателот и актуелната Влада направија апсурд,. Имено, свежи се сеќавањата да Г-дин Стојан Андов на денот на референдумот 8-ми септември 1991 год.не присуствуваше на централната прослава во Скопје по повод осамостојувањето на РМ, заминал за Грција да наводно видел како Грците ќе реагираат на нашето осамостојување. Истовремено тој и тогашното СДСМ во Собранието на РМ не сакаа да ја пеат Македонската химна, несакаа да ја тргнат сликата од Тито и да ја постават сликата од Гоце Делчев. Г-дин Киро Глигоров со Изет Беговиќ до последен момент договараа некаква Федерација, односно Конфедерација во Југославија во која би влегла и Македонија, а Г-дин Трајковски во својство на Председател на РМ не дозволи безбедносните сили на РМ да ги уништат тогашните терористи на ОНА и 2001 год. го потпиша Рамковниот Охридски Договор кој кај македонскиот народ и држава предизвика огромна штета, а кои последици ги гледаме секојдневно. Апсурд е да не се слави и воопшто споменува како државник Г-дин Клусев кој ја обнови Македонија, воведе парична единица денар, формира Армија на РМ, ја стабилизира економијата, ги спаси младите македонски регрути да не се борат во ЈНА на туѓи фронтови и сл.


Апсурд е најавата на македонскиот премиер да во македонскиот Устав ќе ги вметнеле бугарите како малцинство, а при тоа реципрочно да небара од бугарските власти да во нивниот устав го вметнат македонското малцинство таму иако тие веќе неколку пати во Стразбург на суд добиваат пресуди да се регистрираат како здруженија и партија, но властите тоа не го дозволуваат.


Апсурд е да при потпишувањето на 11 договори од страна на македонската влада со косовската Влада му се дозволи на косовската војска која впатем и не е призната да можи да слободно влегува на територијата на РМ, престојува и транзитира. Тоа би било во ред доколку Косово е членка на НАТО како сојузник. Таквиот договор и дозвола за влегувње на косовската армија во РМ е чуден и нелогичен, можеби во иднина би се користеле при евентуален бунт од страна на албанските националисти и иредентисти во РМ, или при некаков напад на српската војска при недајбоже евентуална војна. Апсурд е да Г-дин Курти косовскиот премиер не ги признава македонските правосудни органи и се сомнева во правичното двапати судења на убиците од Монструм кои се кријат и штитат во Косово па не ги испорачувал на македонските органи истовремено барајќи ново судење трето по ред но со странски наблудувачи. Апсурд е да македонскиот премиер тоа го слуша, молчи и се прави нем.


Апсурд е да грчкиот министер за надворешни работи во Македонија во Скопје се дрзна и јавно ни држи лекција и ни кажува која е нашата историја во присуство на македонскиот премиер кои и во тој случај остана нем. Според предходното се поставува прашање чии интереси штити македонскиот премиер кој очигледно стана експерт за несразмерно задолжување на македонската држава, лесно давање и трошење на македонски народни пари од македонскиот буџет, но не и негови. Специјалист стана и за склучување на штетни договори со соседите на штета на македонскиот народ и држава, фаворизирање на албанското малцинство со поделба на власта на два дела и со воведување на албанскиот јазик на целокупна територија на РМ како службен јазик и онаму каде не живее нити еден албанец. Мекедонскиот народ го претвори во заедница и народ од втор ред иако тој за време на НОБ ја создал македонската држава со дадени оклу 40.000 жртви.


Апсурд е да македонскиот премиер да не ги прифаќа оставките на министерот и заменик министер за здраство и директорите на тетовската болница каде неодамна се запали модуларната болници и при тоа изгореја живи 14 пациенти кои се лекуваа од ковид. Оставката е морален чин, чуство на одговорност иако функционерот можи дирекно да не е одговорен. Во Јапонија некои министри имаат извршено самоубиство како резултат на морална одгооворност при големи хаварии, во Холандија неодамна министерката за одбрана си даде оставка, бидејќи благовремено не ги извлекла холандските војници од Авганистан, а при тоа никој од нив и не загинал.


Македонија во Европа е прва по смртност од ковид и 4-та во светот според бројот на жители, големата смртност на македонските граѓани, градење на модуларни болници од пурпена, немањето на противпожарна согласност за користење на тие привремени објекти( согласно законот за против пожари секој нов објект: кафичи, дуќани, јавни установи и сл.треба да имаат протипожарни елаборати), давањето тендери за градење на тие болници на поранешен заменик премиер близок на актуелниот премиер е доволна причина за оставка на министерот за здраство и на другите одговорни. Истрагите никаде не се чекаат за моралнта одговрност, тие се да се утврди дали за настанот има кривична одговорност од поединци. Очигледно е да тој министер е незаменлив, нема други стручни доктори кои би го воделе мистертсвото за здраство и тоа без него би пропаднало. Апсурди како предходните во Македонија се случуваат секојдневно и ги има безброј но очигледно е точна поговорката „ Каков народ таква власт и држава “.


22.09.2021 год.

Битола

29060043_2016680208590936_36926234558838