Дошол да ја посети мајка си во болница, почина од корона

Апел за помош на семејството Секуловски од Охрид

Дваесет и осумгодишниот Лазар Секулоски е охриѓанецот кој денеска се вбројува во 35-те наши сограѓани кои ја загубиле битката со коронавирусот.


Секулоски живее во Љубљана и во Охрид дошол за да ја посети својата тешко болна мајка. Несреќната жена била хоспитализирана во Охридската болница со рак на белите дробови. Во Охрид Секулоски се заразил со ковид-19, а имајќи предвид дека бил со кревко здравје, последните денови од животот ги минува во агонија.


На Фејсбук веќе се шири апел да му се помогне на семејството на Секулоски, кое е во тешка финансиска состојба за достојно да го испрати својот син во вечното живеалиште.

Драги браќа и сестри, со голема тага и неверување, не наоѓам зборови како да ви ја соопштам оваа жална вест, а сакам да ве известам дека од овој свет се пресели нашето чедо, наш брат во Христа Лазар Секулоски (1993 – 2021) oд Охрид, живееше во Љубљана. Знаејќи во каква состојба се неговите најблиски, заеднички да покажеме хрситијанско милосрдие и барем материјално да им ја олесниме маката.


Лице за контакт Христијан Пантекоски 069 699 556, пишува во апелот отец Митко Поп Газинковски.

Dragi braka i sestri, so golema taga i neveruvanje, nenaogjam zborovi kako da vi ja soopštam ovaa žalna vest, a sakam… Posted by Mitko Pop Gazinkovski on Sunday, April 4, 2021


извор: lider.com.mk

29060043_2016680208590936_36926234558838