Филe Toпки кaжa зoштo cи зaминa: Maкeдонија ни е во cpцeто, Ceвepна e кpиминално-xoxштаплерска


Спортскиот новинар Игор Филевски познат како Филе Топки веќе неколку години живее на Малта каде се одлучи да си ја побара среќата.

Тој повторно се актуелизираше со последниот негов Фејсбук статус во кој ја коментираше состојбата во Република Македонија.


Филевски прашува зошто да се врати македонската дијаспора назад во државата за таа да им доцица крвта, и да им го доизеде и џигерот?

Вели нашата прекрасна Македонија си ја чуваме во срцето, а Северна вели тој ви ја оставаме вие да си ја форматирате.


Ако се инфицираш со ковид-19 во Малта и случајно добиеш тешка клиничка слика, можеби ќе треба да те постават на респиратор. Се’ е бесплатно за пациентот. Не одат роднините да трчаат и да набавуваат боци кислород, како моите роднини во Македонија. Ако треба, а секако ќе треба, шишиња инфузии, и тие се овде бесплатни, а не како за братучетка ми да трчаат домашните по пријатели и да бараат да купат инфузии, па што поскоро и ги однесат во болница. А ако сликата е премногу тешка, па да мора да се прави и “филтрација” која во Македонија чини 12.000 евра, е и тоа е овде бесплатно за пациентот, важно е да се спаси животот, а покрива се’ државата. До цент.

Тоа важи и за нас дојденците и за нив, автохтоното население.

И после пак ќе ме прашувате како тоа не сакаме да се вратиме во родната ни земја, во земјата каде цел живот плаќавме редовно даноци, здравствено и пензиско осигурување, каде редовно ги плаќавме сите комуналии и давачки? Да се вратиме за да ни ја доцица и крвта, да ни го доизеде и џигерот? Не, никогаш.

Нашата прекрасна земја Македонија е во нашите срца каде и да сме и до последниот здив ќе ја пренесуваме од колено на колено.

А вашата ужасна држава Македонија, или Северна Македонија (како и да сакате), ви ја оставаме вам, како ви чини така форматирајте си ја. (Ние ќе си стоиме настрана и може само да си коментираме, одвреме-навреме, од болка и од тага, што го доживеавме тоа што не верувавме дека некогаш и ќе се случи)

А понатаму наместо да не’ прашувате зошто дојде вака да се чувствуваме, прашајте се самите како тоа државите во кои сме ‘дојденци” не’ третираат со максимален респект и според сите општествени и цивилизациски норми. А за другите нешта и да не зборувам, доволно како пример е само оваа тешка и несекојдневна ковид-ситуација која не’ засегна сите, каде и да сме. И помислете уште еднаш дали се’ уште треба нелогично да го браните и безумно да го поддржувате она кое не чини и она кое очигледно дека профитот го става пред етиката и моралот дури и кога се работи за хумана обврска во едно општество?

А не е само ова, здравството е само капка во морето небулози и проблеми што и понатаму го бркаат секој млад и умен човек од таа држава таму, заплетена во криминално-хохштаплерска папазјанија, пишува Филевски на Фејсбук.


извор: инфомакс

29060043_2016680208590936_36926234558838