Заев: Болницата во Тетово беше без дозвола за градба, и што сега, да се посипеме со бензин и ние...

На новинарските прашања за начинот на изградба на модуларната болница во Тетово премиерот Зоран Заев одговори дека таквиот вид болници не се поставувале со дозвола, туку со решение за примопредавање. -Сите знаеме дека државата не градеше со одобрение за градба на статики, како што се градат сите болници. Ова беа модуларни контејнери и за нив има примопредавање, а не употребна дозвола, одговори Заев, и притоа додаде дека со слична постапка се поставуваат и маси пред кафулиња.

По ова тој иронично додаде: „И што треба сега, сите да се посипеме со бензин и да се самозапалиме“? Изјавата можете да ја слушнете и погледнете на следниов ЛИНК.


извор: фокус

29060043_2016680208590936_36926234558838