УХМР: Заладување до четврток и пад на температурата за 10 степени, утринска некаде и до нула


Од утре до четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на значително постудена воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.


Утре и задутре ќе има повремен локален дожд. Од четврток и утринските температури ќе бидат особено ниски, на некои повисоки места може да се спуштат и до 0 степени. Од петок ќе има пораст на дневните температури, информираат од УХМР.

29060043_2016680208590936_36926234558838