Мицкоски: Нема да поддржиме национални отстапки со Бугарија на штета на македонскиот идентитет

Мицкоски нагласи дека ниту тој ниту македонскиот народ, ниту ВМРО-ДПМНЕ имаат намера да поддржат било каква национална отстапка. Нема да поддржиме национални отстапки во спорот со Бугарија на штета на македонските национални обележја, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Само интервју“ на Канал 5 и додаде дека тој спор не треба да биде услов за влез на Македонија во ЕУ.

Мицкоски истакна дека тие што ветуваа дека ова е последно понижување на овој народ со името, треба да дојдат да му се извинат и да направат се да почнеме преговори да станеме членка на ЕУ.

Ако сакаш да бидеш играч не треба само од публика да кажуваш како треба. Ќе си преземеш дел од својата одговорност. Овој народ и оваа држава направија премногу национални отстапки, дадоа многу национални концесии. Во 90-тите ни залепија име од кое се срамевме, ни менуваа знаме, добивавме пресуди во Хаг ни викаа важи силата на посилниот, неколку пати менувавме Устав за да на крај не понижат со промена на уставното име. Доста е, потенцираше Мицкоски. Мицкоски нагласи дека ниту тој ниту македонскиот народ, ниту ВМРО-ДПМНЕ имаат намера да поддржат било каква национална отстапка. Ниту едно решение со нашиот источен сосед кое треба да се бара надвор од пристапниот процес на Македонија во ЕУ, нема да поддржиме ако вклучува национална отспатка, тоа да им биде на сите јасно додека сум јас претседател на ВМРО-ДПМНЕ, потенцира Мицкоски.


извор: лидер

29060043_2016680208590936_36926234558838