ИСКРШЕНО И ВНАТРЕ И НАДВОР: Шилегов ја урива првата од трите галии во Вардар

Првата од 3-те галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата, објави градоначалникот Петре Шилегов и додаде:


„Скопје, една поинаква приказна, објавувајќи повеќе фотографии од галијата која се руши во моментов.

Во април годинава почна рушењето на една од галиите на реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“. Галијата ја отстрануваа екипи од ЈП „Улици и патишта“. Договорот со сопственикот беше раскинат поради тоа што не плаќал кирија од 64.999 денари четири месеци, но отстранувањето беше запрено.


Бугарскиот инвеститор веднаш потоа изјави дека немаат долг кон Град Скопје, нема судска одлука за рушење. Со галијата управува бугарски инвеститор - фирмата Сервис Емус Ад Скопје, а управителот Жарко Миленкоски тврдеше дека бродот е изграден со пари од приватен инвеститор државјанин на Р. Бугарија без двојно државјанство.


Потоа во јуни Шилегов објави дека ќе продолжи со уривањето на галијата во реката Вардар и дека ја добил битката на суд со што една од трите галии ќе биде урната.


Во интервју на ТВ21 Шилегов ја објасни постапката и дека жалбата која ја поднеле до судот била уважена со што следи наскоро една од галиите да се дислоцира.



извор: фактор


29060043_2016680208590936_36926234558838