ВМРО ДПМНЕ БИТОЛА: Очигледно „местење” на набавка меѓу СТЕНТОН и Општина Битола - (ДОКУМЕНТИ)


Криминалната поврзаност на Христо Кондовски со СДСМ на дело

Денес на крајот од својот мандат градоначалничката во заминување, без помпезно најавуваниот тикварник, го отвори реновираниот Офицерски дом во Битола.

Но, остана нејасно во кое својство беше присутен сегашниот кандидат на СДСМ за градоначалник, ама од друга страна, пред вас граѓаните се потврди една друга вистина. Денес се обелодени криминалната поврзаност на Христо Кондовски со СДСМ и општина Битола предводена од досегашната најнеуспешна и најнеспособна градоначалничка Наташа Петровска. На тендерот за партерно уредување со гранитни плочи околу Офицерски дом со проценета вредност на набавката од 12.572.930 денари, работата ја добива фирмата Стентон градба во висина од 12.571.712 денари или разликата во цена е "случајни" 1.218 денари.

Три факти се очигледни.

Прво, дека лажниот филантроп кој е кандидат за градоначалник од СДСМ и од неговата бизнис - групација Стентон градба е во бизнис криминална релација со општина Битола и дека неговиот мотив да се кандидира за градоначалник со купена кандидатура во СДСМ е тој и неговите ментори да имаат влијание на финансиското работење на Општина Битола.

Второ очигледно е дека има “местење” на набавката со цел да се искористат до максимум предвидените средства за набавката (за ова очигледно треба да се заинтересира и основното јавно обвинителство во Битола).

Трето, дека потрошените околу 200.000 евра за партерно уредување околу Офицерски дом се премногу и очигледно е дека во прашање се коруптивни мотиви на инволвираните страни. Со позлатени плочки да се правеше партерното уредување ќе чинеше поевтино. Затоа на 17 октомври граѓаните на Битола ќе кажат СТОП на ваквите криминални активности и нема да дозволат градот да биде заложник на една бизнис - групација која е во тесна криминална врска со највисокото партиско раководство на СДСМ, Зоран и Вице Заеви!

Нив не ги интересира Битола, уште помалку ги интересирате вие, почитувани битолчани. Нив ги интересира само како да се офајдат што подобро од солидниот износ на буџетот на општината, како на нетранспарентен и криминален начин да стануваат милионери трошејќи ги вашите пари!


29060043_2016680208590936_36926234558838