Момчето што го прегази воз во Велес имало само 21 година


Воз кој сообраќа на релација Гевгелија – Скопје, денеска околу 11:40 часот во Велес, пред новиот мост „Гемиџии“ прегазил 21-годишно момче, потврдуваат за МИА од СВР Велес. Од Службата за итна медицинска помош, како што информира началникот д-р Василка Пановска Поп Стефанова, нивна екипа била повикана на местото на настанот во 11:40 минути и за жал само констатирала смрт кај 21-годишното момче Т.И од Велес.

Според првичните сомневања од очевидци прегазеното момче само се фрлило и си го одзело животот.

Поради настанот веќе два часа сообраќајот во градот е закочен, бидејќи возот го има блокирано преминот кај Нов мост, информираат од СВР Велес. Екипи на СВР Велес и јавен обвинител вршат увид на местото на настанот, информира за МИА, портпаролот Верољуб Додевски.

29060043_2016680208590936_36926234558838
  • Facebook

© 2020 Аналитикум / Analitikum