Филмското платно се навали ќе паднеше над Пендаровски, а на проекцијата „Сестри“ снема струја


Вечерва во Пациото на Завод и музеј во Битола почна фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“.


Организаторите рекоа дека „И покрај се“ успеале да го подготват овогодинешното издание, за да се продолжи традицијата на одржување и покрај ковид пандемијата, со протоколите за заштита.


На свеченото отворање додека на сцената претседателот на државата Стево Пендаровски кој е покровител на фестивалот, му ја врачуваше „Златната камера 300“ за животно дело на австрискиот кинематографер Кристијан Бергер, филското платно се заниша и почна да се навалува.


Интервенираа и го вратија искривеното платно во првобитната положба, а директорот на фестивалот рече дека имале многу филмски жанрови, а вечерва и малку трилер и акција.

Откако заврши церемонијата на доделување награди, беше дадена музичка пауза од неколку минути, за како што рече директорот на фестивалот, да им се даде можност на јавниот сервис кој вршеше директен пренос да си ја собери опремата, како што е секоја година.


И почна проекцијата на македонскиот филм „Сестри“. Неколку минути по почетокот на филмот, филмското платно остана без струја, односно дојде до прекин на проекцијата.

Повторно на сцената се качи директорот на фестивалот Симеон Дамевски кој рече дека сепак најдобро место да се гледа филм е киното, и дека од утре одат во киносала.


извор: тера

29060043_2016680208590936_36926234558838