(ФОТО) И Боки 13 денес фотографиран на улица во Скопје


Во фармерки и тексас јакна, со каубојки, Боки 13 е забележан во центарот на Скопје.

За разлика од Зоран Кичеец и Драги Рашковски, кои беа уловени по улиците, Боки 13 шета на слобода во придружба на двајца полицајци. Бојан е сликан спроти Зелен пазар на влезот на паркингот на Градска болница.

Зоран Кичеец, за кого службите не може да се договорат дали е на слобода заради здравствени или семејни причини, слободата ја користеше сам без полициска придружба. Тој учествуваше во сообраќајна несреќа на Стража, во која загина едно лице.

29060043_2016680208590936_36926234558838